Харви Вајнштајн доби уште нови 16 години затвор заради силување

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин осуден е на 16 години затвор поради обвиненија за силување и сексуален напад кои датираат од 2013 година во судот во Лос Анџелес.

Тој беше прогласен за виновен за силување и две други точки од обвинението за сексуален напад на судењето во Лос Анџелес во декември.

Пресудата била донесена откако се јавија бројни жени кои го обвинија за силување и сексуален напад. Во обвиненијата се наведува напад на поранешна манекенка и актерка, која на суд се воделе како Н. Н., која ја силувал во хотел во Лос Анџелес во февруари 2013 година. 

Инаку, Харви Вајнстин сега отслужува 23-годишна затворска казна за бројни сексуални напади.

Судот во државата Њујорк одлучи да го предаде на властите во Калифорнија за да му се суди таму за 11 други обвиненија за сексуално насилство врз пет жени во период од 2004 до 2013 година.

Scroll to Top