Харви Вајнстин обвинет за силување

Против холивудскиот продуцент Харви Вајнстин (66) е подигнато обвинение за повеќе силувања откако поротата во Њујорк изгласала да се подигнат обвиненија за силувања против него, како и за кривичен сексуален акт.

„Големата порота изгласала да се подигнат обвинувања против Харви Вајнстин по обвинувањата за силување од прв и трет степен, како и за кривичен сексуален акт од прв степен“, соопштил адвокатот од Менхетен Дистрикт, Сирус Ванс.

„Ова обвинување претставува само чекор поблиску до одговорноста за злосторствата за кои се товари Харви“, додал Сирус.

Во одговорот адвокатот Вајнстин изјавил дека не е изненаден од подигнатите обвиненија напоменувајќи дека во обвинувањата не постои ништо ново што тие веќе не го знаеле.

„За потсетување, сите обвинувања се само формални обвинувања. Господин Вајнстин има намера да се брани против сите обвиненија кои цврсто ги демантира. Наскоро формално ќе преминеме на одбивање на обвинувањата, а ако во овој случај почне судењето, очекуваме господин Вајнстин да биде ослободен“, додал Бенџамин Брафман.

Да потсетиме, Вајнстин на властите им се предал во петокот, откако во полициска станица во Њујорк бил уапсен и обвинет за силување жена и принуда на орален секс. Откако платил милион долари, тој е пуштен да се брани од слобода.

Но, Харви веќе имал план како да се ослободи од обвинувањата за кои се товари. Имено, некогашниот прв човек на Холивуд, како што сите го нарекувале, од негов колега побарал помош во намерата да сними филм во својата борба против наводната неправда.

Сепак, како што пишува „Дејли мејл“, Вајнстин во Холивуд нема премногу сојузници, а ги има сè повеќе од оние кои протестираат против одлуката сексуалниот предатор го чека почетокот на судењето како слободен човек.

За потсетување, Вајнстин сексуално ги вознемирил и славните актерки како Гвинет Палтроу (45), Ешли Џад (50) и Анџелина Џоли (42).

 

Scroll to Top