Хедер Грејам во шестата деценија сними жешки сцени со раперот Кели

Актерката  Хедер Грејам во шестата деценија сними жешки сцени со 20-годишниот рапер Машин Ган Кели. Таа се појави во неговиот најнов спот The Lost Son и глуми проститутка.

Таа рече дека на почетокот не знаела кој е Кели и дека за него слушнала од нејзини пријатели. Кели на јавноста ѝ е познат по контроверзното однесување и врската со актерката Меган Фокс.

„Да бидам искрена на почетокот не знаев кој е тој. За него дознав од децата на мои пријатели кои го слушаат“, рече Грејам за ABC Audio и додаде дека за време на снимањето тие толку се зближиле што кон него развила еден вид на мајчински инстикт.

Покрај Грејам и Кели, во спотот се појавува и Сем Ворингтон. Актерката во 90-те и раните 2000 години се појави во голем број незаборавни улоги во хит-филмови како Austin Powers, Boogie Nights и „Мамурлак“, кои ѝ донесоа статус на секс-симбол.

Таа е позната по нејзиниот младешки изглед, а рече дека тајната за нејзината убавина е добриот сон. Таа рече дека најчесто спие меѓу 9 и 12 часа.

 

 

Scroll to Top