Хедер Локлер им се заканила на полицајци дека ќе ги застрела

Американската актерка Хедел Локлир (56), која по шестипат се лечи од алкохолизам, направила голем инцидент, по што повторно била уапсена.

Таа во моментов се наоѓа на лечење од алохолизам и на 13 март ќе мора да се појави на суд поради овој инцидент.

Уапсена е откако го претепала својот партнер и му одгризала дел од носот, а  TMZ пренесува дека им се заканила на полицајци дека ќе отвори оган на нив.

„Ќе ве застрелам ако се доближите до мојата куќа!“

Во тек е истрага, а полицијата утврдила дека Хедер има регистиран пиштол уште од 1985 година, но тој засега не е пронајден.

Хедер, која е позната по улогата во серијата „Династија“, неодамна се скарала со својот дечко Крис Хајзер, а потоа  и физички се пресметала со него.

 

Scroll to Top