Хедер Локлир снима нова серија по борбата со пороците: Се плашев да се вратам пред камерите

Холивудската актерка  Хедер Локлир снима нова серија, „Не грижи се за малите работи: Приказната на Кристин Карлсон“. Ова е нејзина прва улога по четири години, откако долго време се бореше со зависноста од алкохол и наркотици, а помина кратко време и во ментална институција поради семејно насилство.

„По ‘Мелроуз плејс’ глумата ми стана застрашувачка. Се плашев да се вратам пред камерите. Снимав со страв и ми требаше долго време да се опуштам. Но ни сега, по четири години пауза не ми беше лесно. Бев исплашена дека нема да се сетам на сценариото. Имав чувство дека сум целосно надвор од играта“, вели таа во интервју за магазинот „Пипл“.

Хедер се прослави со улогата на Семи Џо во „Династија“, но најпозната е по улогата во хит-серијата „Мелроуз Плејс“, во која глумеше од 1993 до 1999 година, а подоцна и од 2009 до 2010 година. Но, во последните години, таа привлече повеќе внимание со приватниот живот отколку со улогите. Таа имаше проблеми со алкохолот и насилните испади во јавноста. Во март 2018 година, Хедер го натепа свршеникот Крис Хајсер, по што интервенирала полицијата, па актерката им се заканувала и на полицајците.

Хедер, која неодамна ја напушти клиниката за лекување од зависности, сега преку социјалните мрежи и им покажува на следбениците како изгледа по борбата против зависноста и отворено зборува за сите скандали во кои беше вклучена изминатите неколку години.

 

Scroll to Top