Хејли Болдвин го промени презимето во Бибер

Манекенката Хејли Болдвин, која од неодамна стана и сопруга на канадскиот пејач Џастин Бибер, го промени презимето на Инстаграм во Бибер. На овој начин популарната двојка стави крај на сите повеќенеделни шпекулации кои се вртеа во јавноста околу официјализирањето на нивната венчавка.

Пејачот и манекенката на социјалните мрежи објавија фотографија како се држат за раце.

„Мојата сопруга е феноменална“, напиша Џастин на фотографијата.

Двојката летово се вери на Бахамите по едномесечна забавува. Бибер (24) веста за неговата венчавка со ќерката на американскиот актер Стивен Болдвин, подоцна ја сподели на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top