Хелен Мирен донесена како царица на премиерата на „Катерина Велика“

Британската глумица Хелен Мирен (74) пристигна на премиерата на нејзиниот нов филм „Катерина Велика“ во царски стил, носена на стол со орнаменти од четворица костимирани носачи. Мирен ја игра една од најславните руски царици во новиот филм на Ејч-би-о.

Оскаровката уживаше во спектаклот што го приреди во Лондон, а откако еден од носачите ѝ подаде рака да излезе на црвениот килим, таа насмеана позираше за фоторепортерите.

Катерина Втора владеела од 1762 до 1796 година. Таа е императорот кој најдолго се задржал на тронот на Руската Империја , а тој период го нарекуваат Златен век.

Во филмот, кој ќе се емитува од есенва, се прикажани нејзините политички ставови и борби, како и љубовниот живот.

Scroll to Top