Хелси имала спонтан абортус среде концерт

Американската пејачка Хелси во едно ТВ-шоу раскажала за моментот кога сфатила дека има спонтан абортус на сцена за време на концерт.

„Бев на турнеја кога дознав дека сум трудна. Пред да сфатам што ќе значи тоа за мене и за мојата иднина, ми се случи спонтан абортус додека бев на сцената, среде концерт“, рекла 23-годишната пејачка. „Замислете го чувството како ги гледаш лицата на стотици тинејџери додека крвавиш низ облеката, сфаќаш што ти се случува, а сепак мора пееш. Не би сакала пак да го преживувам тоа. Затоа решив да запрам и да побарам медицинско решение. Пред една година се оперирав и сега сум многу подобро“, рекла Хелси.

Таа открила и дека планира да замрзне јајце клетки за да може да има деца во иднина.

Scroll to Top