Хилари Даф роди ќерка

Холивудската глумица Хилари Даф вторпат стана мајка. Таа откри дека родила ќерка, а девојчето ќе се вика Бенкс Вајолет Бер.

„Ова мало суштество ни ги украде срцата! Таа дојде во нашиот свет во четвртокот попладне и е апсолутна магија“, напиша Хилари покрај првата слика со бебето што ја објави на Инстаграм.

Ова е прво заедничко дете на Хилари Даф и Метју Кома, со кого е во врска од јануари 2017 година. Хилари веќе има 6-годишен син, што го има од бракот со хокеарот Мајк Комри.

Scroll to Top