Хилари Клинтон едвај дише и тешко се движи, нарушено здравјето на поранешната прва дама на САД

By

Здравјето на поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон, е сериозно нарушено, пренесуваат светските медиуми. Таа во моментов минува низ тежок период, а како што пренесува магазинот Globe, сериозен проблем ѝ предизвикуваат килограмите, пренесува Стори.хр.

„Хилари се здебели 44 килограми и се бори со дишењето, а има потешкотии и со движењето. Откако се повлече од јавноста, таа премногу се опушти и сега едвај дише и се движи. Токму килограмите би можеле да бидат кобни за нејзиното здравје“, изјавил извор близок до Хилари.

Дебелината може да доведе многу ризици од срцеви заболувања, мозочен удар, карцином, но и коронавирус,  вели лекар со кого контактирале од Globe.

Упатените во состојбата на Хилари велат дека поранешната прва дама јаде премногу поради стресот на кој е изложена. Многумина се сомневаат дека таа страда од дегенеративна состојба на коските, остеоартритис. Ова не е првпат да се коментира нејзиниот изглед.

Минатата година таа беше во центарот на внимание, поради нејзините наводни естетски операции.

„Хилари Клинтон изгледа фантастично, а помалите третмани низ годините ги направија овие промени да изгледаат помалку драматично. Особено челото ѝ е променето, што е веројатно резултат на вбризгување ботокс.

Кај некој кој има 72 години се очекува да се видат брчки на челото и околу очите. Можно е Хилари да се подложила и на блефаропластици, и да ја отстранила вишокот на кожа околу очите, биле некои од шпекулациите кои се ширеле за сопругата на Бил Клинтон.

Извор/Стори.хр

Ќе ви се допадне

Your Lie in April Episode 22 at website https://animeplanet.cc anime planet one piece

Hero Return (https://crunchyrollfree.com/m/BQz5) Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com best free anime on crunchyroll