Поранешната кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон се појавила во епизода од обновената телевизиска комедија „Марфи Браун“, каде се шегувала во врска со своите искуства со мејловите.
ТВ серијата, која беше многу популарна во 90-те години, почна повторно да се емитува после 20 години, а во неа главната улога повторно ја игра Кендис Бергон, пренесе Ројтерс.
Во епизодата, прикажана вчера, Хилари клинтон влегува во редакција за да обави разговор за работа со секретарката Кендис Бергон и тврди дека тоа не е Хилари Клинтон, туку дека само личи на неа и дека нема многу искуство.
„Сакам да знаете дека не се плашам од напорна работа, дека сум квалификувана и дека сум подготвена од прв ден“ вели Клинтон, додека Марфи ѝ поставува прашања, меѓу останатото и за технологија.
„Имам одредени искуства со мејловите“ одговорила Клинтон.
Серијата се прикажува на телевизијата Си-Ен-Ен и тоа е второ појавување на Клинтон во некоја серија. На истата телевизија, од 7 октомври ќе почне да се прикажува петтата сезона од серијата „Госпоѓа секретарка“, во која исто така се појавува Хилари Клинтон.
Најавено е и дека покрај неа, во серијата ќе се појави и Медлин Олбрајт и Колин Пауел, своевремено и тие како и Клинтон, беа државни секретари на САД.