Хилари Свонк го покажа новиот сопруг

Хилари Свонк и нејзин новиотсопруг Филип Шнајдер за првпат се појавија како двојка на наградите “Governors Awards 2018” во Холивуд во неделата вечер.

Тие тајно се венчаа во август, и ова е нивно прво јавно појавување на официјален настан. Двократната добитничка на “Оскар” се омажи за инвеститорот Филип летото. Тоа беше мала, интимна церемонија во Калифорнија.

44-годишната ѕвезда од хитот на Клинт Иствуд , “Девојка од милион долари”, во едно интервју рече дека одлучила да организира свадба во близина на својот дом, бидејќи нејзиниот татко пред три години претрпел трансплантација на белите дробови и не би можел да лета со авион.

На настанот, Хилари се појави во златна тоалета на Армани Приве и чевли на Кристијан Либутин.

Scroll to Top