Хит Леџер е најдобар Џокер на сите времиња

Верзијата на Џокер што ја глумеше австралискиот актер Хит Леџер е прогласена за најдобра на сите времиња,а починатиот актер е избран за најдобар Џокер. Во анкетата, во која учествуваа над 23.000 корисници на социјалните мрежи, Леџер доби 77 проценти од гласовите. Тој го глумеше Џокер во истоимениот филм на Кристофер Нолан во 2008 година.

На второ место е Хоакин Феникс, кој го глумеше Џокер во 2019 година, со освоени 11 проценти од гласовите. Третата позиција ја доби легендарниот актер Џек Николсон, а четври е Марк Хамил.

Scroll to Top