Холивудскиот актер Хју Грант ќе се жени со долгогодишната девојка, Ана Еберштајн. Тој има 57 години и ова е негов прв брак. Грант со години велеше дека никогаш нема да се ожени, ама и дека не сака деца.
Сепак, со поранешната девојка Тинглан Хонг, Хју има две деца, а со Ана го има 5-годишниот син Џон Манг Грант. Ана е бремена и за неколку месеци треба да го роди нивното второ заедничко дете.
Хју и Ана ќе се венчаат во октомври.