Оскаровецот Хоакин Феникс и неговата свршеница Руни Мара чекаат бебе. Ова ќе биде прво дете на 45-годишниот актер и 35-годишната актерка. Дека Руни е бремена потврдил анонимен извор за Page Six. Таа е веројатно во шестиот месец од бременоста.
Папараците ја сликаа Руни минатата недела и тогаш почнаа првите коментари дека чека бебе.
Хоакин и Руни се запознаа на снимањето на филмот „Таа“, а започнаа да се гледаат во 2016 година. Нивната веридба беше потврдена лани во јули.