Холивудска глумица и мажот ѝ прогласени за виновни за сексуално злоупотребување малолетничка

Глумицата Зара Фитијан од ТВ-серијата „Доктор Стрејнџ“ и нејзиниот сопруг Виктор Марк, се прогласени виновни за сексуална злоупотреба на 13-годишно девојче и може да завршат во затвор.

Злоставуваната тинејџерка, која сега има 30 години, пред судот рече дека Фитијан ја принудувала на сексуална активност со нејзиниот сопруг и дека злоупотребата продолжила сè додека не наполнила 18 години.

Поротниците на Крунскиот суд во Нотингем ја прогласија Фитијан за виновна по 14 точки од обвинението за сексуална активност со дете извршена помеѓу 2005 и 2008 година, кога жртвата била во раните тинејџерски години. Нејзиниот сопруг Марк, кој е инструктор по таеквондо, исто така беше осуден за истите 14 кривични дела, но како и за обвинението за непристоен напад во врска со друга малолетна девојка, што ја вознемирувал најмалку осум пати помеѓу 2002 и 2008 година.

Двојката ги негира обвиненијата, но на крајот на судскиот процес, кој траеше 12 дена, и двајцата беа прогласени за виновни.

Scroll to Top