Холивудската актерка моли за милостина, сака да ѝ донираат 20.000 евра оти банкротирала поради разводот со бившиот

Глумицата Алис Еванс моли за пари на страницата GoFoundMe пишуваат медиумите. Од пријателите бара милиостина и сака да собере 20.000 фунти за да ги покрие трошоците од разводот со глумецот Јоан Груфид.

Еванс објасни дека разводот ја довело до банкрот и дека била принудена да ги отпушти сите свои адвокати затоа што не можела да си дозволи да ги плати правните трошоци.

Еванс во јануари 2021 година објави дека сопругот ја напушта и дека повеќе не се сакаат. На крајот тој заврши со глумицата Бјанка Волас, статиска во австралиската криминалистичка драма Harrow во која ја игра главната улога.

Во документите кои Еванс ги поднела во судот во Лос Анџелес минатата недал стои дека самата ќе се застапува во судскот процес во кои се разведува и дека се откажала од услугите на својот адвокат.

За време на нивното раскинување, се нашла и на насловните страни поради објавените критики на интернет за Груфад.

„Никогаш ни за милион години не послив дека може да ми се случи вакво нешто. До неодамна ми се чинеше дека работите во животот ми врват. Имав прекрасен маж и две брилијантни деца. Но, во август 2020 година кога почна пандемијата, целиот свет ми се распадна“, рече Еванс.

Глумецот во една прилика рече дека Еванс го малтрерирала со испраќање на пораки, по што побарал и забрана за доближување.

„Ми се закануваше дека ќе ми го направи она што Амбер Херд му го направи на Џони Деп. Дека ќе им каже на луѓето дека сум ја злоставувал неа и моите ќерките и дека ќе повика полиција ако не ѝ ги исполнам барањата. Ми се закануваше и дека ќе ме претстави како наркоман и дека ме смести во затвор, дека ќе напише лажен дневник од позиција на жртва која била злоставувана и дека ќе го обајви. Дури и дека ќе ја уништи мојата мајка. Говореше дека ќе победи затоа што луѓето ѝ веруваат на неа, а не на мене“, рече во една прилика Груфид.

За потсетување, Еванс и Груфид раскинаа по 13 години брак. Тие се запознаа на снимањето на филмот 102 Далматинци, а се венчаа седум години подоцна.

Scroll to Top