Холивудски двојки што се заљубиле на снимањето филмови

Многу холивудски парови љубовта ја почнале на снимањето филмови. Се запознале на кастинг, а љубовната приказна од филмот ја пренеле и во вистинскиот живот.

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем 

Парот првпат се сретнал во 1992 година на снимањето филм. Меѓутоа, во 2008 година на снимањето на „Вики Кристина Барселона“ ја почнале својата љубовна врска. Се венчаа во 2010 година и имаат две деца.

Даниел Крег и Рејчел Вајс 

Се запознале на снимањето на филмот „Куќа од соништата“ во 2011 година и истата година се венчале. Во 2018 година го добија своето прво дете.

Бред Пит и Анџелина Џоли

Долго важеа за еден од најубавите холивудски парови. Се запознаа за снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ додека Бред беше во брак со Џенифер Анистон. Кога тој се разведе, тие се венчаа. Имаат шест деца и се во фаза на развод и битка за старателството над децата.

Ева Мендес и Рајан Гослинг 

Парот е во среќна врска веќе 9 години, а имаат две деца. Љубовта ја почнале во 2011 година на снимањето на филмот „Место зад шумата со борови“. Својата приватност ја чуваат за себе и речиси никогаш не се појавуваат заедно во јавноста.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Блејк и Рајан во 2010 година се запознале на снимањето на филмот „Зелениот лантерн“, а во 2011 година ја почнале врската. Се венчаа во 2012 година и го чекаат четвртото дете.

Ричард Бартон и Елизабет Тејлор

Најпопуларниот пар од златната доба на Холивуд, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, поминале 13 години заедно, а двапати се венчале и се развеле. Заедно глумеле во 11 филма, па и таму биле љубовници.

Scroll to Top