Холивудски ѕвезди кои се соочуваат со невработеност

 

Некои остареа, па ги изгубија улогите, други немаа некој талент за да ги задржат своите пет минути слава.

Овие познати личности доживеаја свои пет минути слава благодарение на изгледот, на одредена улога или пак на идеална врска, но сега Холивуд како да не ги сака повеќе.

Поради една или друга причина тие се соочуваат со невработеност и нивните актерски кариери стагнираат:

Џениферт Лав Хјуит – го изгуби изгледот, ја изгуби кариерата

Таа имаше неколку впечатливи улоги во 90-тите, но не покажа некој талент и Холивуд .

Били Зејн – неговата кариера потона со „Titanic“

Најомразениот лик од „Titanic“ се обиде со неколку улоги потоа, но ниту еднаш не блесна доволно за да го воодушеви Холивуд.

Џесика Бил – не може да пронајде работа откако стана мајка

Тие што не ја сакаат знаат да кажат дека нејзино најголемо животно достигнување е тоа што се омажи со Џастин Тимберлејк. Во 90-тите таа покажа сексапил на ТВ екраните, но денес освен по некоја улога во серија и некој незначаен филм, Џесика не достигна некој вртоглав успех.

Тејлор Лаутнер – убаво лице со просечен талент

Врколакот од „Twilight“ по овој хит не успеа да оствари некои големи улоги. Многумина го гледаат само како актер со убаво лице и просечен талент и нема многу понуди за работа.

Кетрин Хајгл – требаше да остане во серијата „Grey’s Anatomy“

По успешното појавување во познатата серија, Хајлг даде отказ затоа што мислеше дека не ѝ е даден доволно простор за да се истакне. Потоа се обиде со неколку улоги, но нејзината кариера никогаш не закрепна.

 

Ева Мендес – засекогаш заробена во сенката на сопругот Рајан Гослинг

Како и Џесика Бил, така и Ева се појавуваше само во просечни филмови благодарение на својата убавина и секспаил. Во 2012 на снимањето на „The Place Beyond the Pines“ го сретна Рајан и од 2014 година ја немаме видено на платното.

 

Фреди Принц Џуниор – остаре и улогите престанаа

Тој беше вистински миленик на публиката во своите 20-ти години и имаше централни улоги во многу комедии, но како старееше така улогите се намалуваа. Сега Фреди Принц Џуниор е посветен на готвење и кулинарски книги.

Scroll to Top