Американскиот актер Били Болдвин, помладиот брат на Алек Болдвин, откри дека на син му Ванс му бил дијагностициран карцином пред една година, кога имал 16 години. Ванс веќе една година се бори со ракот и сега е во ремисија.
„Пред една година на мојот син Ванс му беше дијагностициран карцином… Имаше 16 години. Тој не зборуваше за тоа ниту, пак, некој од нас“, напиша Били. Ванс поминал 28 рунди на хемотерапија, а неговиот горд татко рече дека секогаш бил позитивен, фокусиран и се обидувал да живее нормален живот.
„Храброст. Моќност. Срдечност. Став. Воин. Никогаш не сум видел такво нешто. Никогаш не сум се гордеел толку. Те сакам, сине“, заклучи Болдвин.