Холивудскиот глумец Бери Њумeн почина на 92 години

Холивудскиот актер Бери Њумeн почина на 92-годишна возраст. Веста ја објави неговата сопруга Анџела која рече дека починал од природна смрт. Тој починал на 11 мај, но медиумите веста ја објавија дури сега пренесе „Вариети“.

Њумен глумеше во шоуто на „Ен-би-си“ „Petrocelli“, а беше познат и во улогата на култниот акционен филм „Vanishing Point“. Во култниот трилер, Њуман играше виетнамски ветеран, поранешен полицаец, поранешен возач на трки со автомобили и мотоцикли и зависник од брзина.

Кога ќе се најде во незавидна финансиска ситуација, ја прифаќа работата да испорача автомобили. Но, брзо потоа се вплеткува во криминален заговор. На легендарниот режисер Стивен Спилберг овој филм му беше еден од омилените.

Филмот се смета за еден од најважните американски акциони филмови од седумдесеттите. Њумeн беше и ѕвезда на драмската серија „Petrocelli“ која се емитуваше помеѓу 1974 и 1976 година. Бери исто така беше номиниран за „Еми“ и „Златен глобус“ во 1975 година за оваа улога.

Њумeн е роден во Бостон на 7 ноември 1938 година, каде што студирал на Универзитетот Брандеис. За време на студиите се запознал со познатиот Ли Стразберг, што го поттикнало да почне да глуми. Наскоро почнал да игра на Бродвеј.

На Њумeн пред 14 години му бил дијагностициран рак на гласните жици, што го принудило да се повлече од актерството, но минатата година се појави во независната драма „Finding Hannah“.

Scroll to Top