Холивудските ѕвезди бараат строга контрола на оружјето

По бројните пукања во училиштата и по минатомесечниот масакр во Паркланд кога беа убиени 17 деца, стотици илјадници Американци излегоа на протест против огненото оружје. Протестот со мото „Марш за нашите животи“ ги собра холивудските ѕвезди, ама и деветгодишната ќерка на Мартин Лутер Кинг.

Ким и Канје

Протестантите бараат построга контрола на употребата на оружје во САД. Собири се одржаа во Вашингтон, Њујорк, Лос Анџелес и стотици други американски градови. И славните личности излегоа на улиците за да го поддржат протестот чија цел е да се спречи насилството, пукањето со огнено оружје и масовните убиства.

Шарлиз Терон и Челси Хендлер

Во толпата беа  Мајли Сајрус, Опра Винфри, Џорџ и Амал Клуни, Аријана Гранде, Шер, Тејлор Свифт, Синтија Никсон. Клуни, Опра и Стивен Спилберг дадоа по 500.000 долари како поддршка на „Маршот за нашите животи“.

Џорџ и Амал Клуни

На митинзите се појави и Пол Макартни кој носеше маица со натпис „Можеме да ставиме крај на насилството со оружје“. Исти маици носеа и Стивен Спилберг, Селена Гомез, Шарлиз Терон со нејзината мајка, Кендал Џенер, Хајли Болдвин, Ким Кардашијан, Канје Вест. Средношколците ги поддржаа и Џенифер Хадсон, Џастин Тимберлејк, Наоми Кемпбел, Џастин Бибер.

Деми Ловато

Тинејџерите во цела Америка организираат протести уште од 14 февруари.

Синтија Никсон

 

Scroll to Top