Храна без месо и многу вежби е тајната на Луси Лу за добар изглед

Американската актерка Луси Лу е во подобра форма од кога било, а според неа, се чини дека тоа може да се должи на фактот дека пронашла начин на исхрана и вежбање што и овозможуваат да има доволно енергија за сите дневни предизвици.

Во новото интервју за „Women’s Health“, 52-годишната Лиу откри за што точно станува збор

Луси Лиу најпрво година дена била веган, а дури потоа се префрлила на вегетаријанска исхрана од декември 2020 година. Таа вели дека конзумирањето претежно оброци од растително потекло и помага да одржува висока енергија и да ги намали проблемите со надуеност.

„Скоро цела 2020 се придржував до веганската исхрана, но пред се поради препорака на мојот акупунктурист, а и за да може да се храниме со мојот син со иста храна, се префрлив лани во декември на вегетаријанска исхрана“ изјави Луси во интервјуто.

Од веганизам во вегетаријанство, Лиу се префрлила по предлог на нејзиниот акупунктурист и кој и препорачал да ги врати јајцата во својата исхрана. Со таа одлука и било многу полесно да дизајнира оброци што таа и нејзиниот петгодишен син Роквел можат да ги делат

Кога се во прашање тренинзите и спортската активност Луси вели дека се потпира на пократки тренинзи за да го одржи своето тело силно и здраво. Дома, Лиу прави 20-минутни вежби на велосипед и 10-минутни вежби за силата на рацете

Во интервјуто ѕвездата истакна и колку е благодарна што научила како да го цени своето тело.

„Не мора да имате 20 години за да облечете костим за капење“, вели Лиу. „Со сите недостатоци и сè што вашето тело доживува во животот, тоа е нешто во што треба да бидете сигурни“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Liu (@lucyliu)

Scroll to Top