И по 28 години срцето сè уште ме боли, сè беше толку бесмислено, вели свршеницата на Брендон Ли, кој го загина на сет две недели пред нивната венчавка

By

Кобната несреќа што се случи за време на снимањето на филмор „Рѓа“, при што Алек Болдвин ја уби Халина Хачинс, а го рани Џоел Соуза, сè уште е главна тема. По тој повод, се огласи и свршеницата на актерот Брендон Ли, синот на легендарниот Брус Ли, кој го загуби животот на сличен трагичен начин на крајот од снимањето на култниот филм „Врана“ пред 28 години.

Елиза Хатон (57) сподели фотографија со актерот, направена во Венеција во 1992, по нивната свршувачка.

„Пред 28 години бев скршена од шок и тага поради загубата на љубовта на мојот живот, Брендон Ли. Сè беше толку бесмислено. Срцето сè уште ме боли, поради сопругот и синот на Халина Хачинс, но и сите оние кои останаа по трагедијата што можеше да се избегне. Ги повикувам оние кои се на позиција да направат промени, да размислат за алтернативи решенија околу користењето вистинско оружје на филмските сетови“, вели Елиза.

За потсетување, во 1993 година, на самиот крај од снимањето на „Врана“, негативецот во филмот кој го толкуваше Мајкл Меси пукаше во главниот лик Брендон Ли, кој по пукањето не станал. Никаде немало крв, а актерот сè уште имал пулс. По две-три минути веќе немало знаци на отчукување на срцето, по што итно бил префрлен во болница, каде што бил опериран шест часа, но безуспешно.

Во пиштолот, по грешка на тимот на реквизитите, имало еден вистински куршум. Истиот пиштол бил употребен и претходниот ден, кога требало да биде наполнет со вистински куршуми. Еден останал во цевката, а токму тој куршум го уби актерот.

Брендон Ли почина на 31 март 1993 година, на 28-годишна возраст, две недели пред планираната венчавка со Елиза.

Ќе ви се допадне

https://animeflix.nl black butler animeflix

Watch Qin's Moon: The Great Wall Episode 37

Website https://wcostream.cc: Watch Bride of Deimos wcostream Episode Full the flintstones wcostream

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official

Watch Pokemon Best Wishes! Episode Full