И Том Круз се пруклучи на штрајкот во Холивуд, синдикалците велат бил себичен и не сакал да му се намали хонорарот

Том Круз се приклучи на штрајкот во Холивуд. Глумецот пристигна на преговорите со Здружението на филмски и телевизиски продуценти, на што некои негодуваа, пренесе „Си-ен-ен“.

Круз е еден од најдобро платените холивудски актери, a неговото богатство се проценува на милијарда долари, па некои веруваа дека неговото учество во преговорите може да им даде предност на актерите, додека други тврдат дека актерот има себични намери.

Актерот бара дозвола од синдикатот на актери да им дозволи на членовите на синдикатот кои се дел од екипата на новиот дел од неговата франшиза „Невозможна мисија: Мртво сметање“ да го промовираат филмот како што е планирано, како штрајкот да не постоел.

Круз наиде на проблем бидејќи Фран Дрешер, претседателката на синдикатот на актерите, објави дека штрајкот почна два дена по отворањето на новиот филм на Круз во кината, што многу влијаеше на кино благајните. Во тој филм, Том, покрај глумата, ја презеде и улогата на продуцент.

Исто така, актерот пристигна на разговорите еден ден откако медиумскиот магнат Бери Дилер објави дека на најплатените актери ќе им бидат намалени хонорарите за 25 отсто за да ги исполнат барањата на недоволно платените актери и другите работници во Холивуд.

„Сите тие се веројатно преплатени на врвот. Една идеја што ја имав, како гест на добра волја, беше извршните директори и најплатените актери да им се намалат платите за 25 отсто за да се обидат да го намалат јазот меѓу високоплатените и нископлатените“, рече Дилер за „Соочи се со нацијата“.

Scroll to Top