Идејата за старателството беше на мајка мѝ, таа ми го уништи животот, рече Бритни откако ја доби судската битка со татко ѝ

By

Поп-пејачката Бритни Спирс ја обвини мајка ѝ Лин Спирс дека ѝ го уништила животот и дека идејата за старателството да го има татко ѝ Џејми, всушност била нејзина идеја. Пејачката вели дека Лин била таа која ги влечела конците и дека го контролирала нејзиниот живот.

dobivaj vesti na viber

Бритни тоа го објави на „Инстаграм“, па брзо потоа го избриша

„Знам точно што направи. Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми е таа која ја даде идејата за старателството. Никогаш нема да ги вратам тие години. Тајно ми го уништи животот. Мојот татко не е доволно паметен да смисли таков план. Но, сега ќе се смеам знаејќи дека пред мене е нов живот“, рече Бритни.

Бритни во целата ситуација го вмеша и нејзиниот деловен менаџер, Лу Тејлор, за кого вели дека исто така бил помагал на родителите. Ли пак поднела нова петиција до судот во Лос Анџелес, во која побарала од ќерка ѝ 650.000 долари за да ги плати нејзините правни трошоци од 2019 година.

Татко ѝ Џејми Спирс пак е суспендиран од местото старател по што Бритни стана слободна по речиси 14 години борба. На негово место дојде Џон Забел, сметководителот кој го избра Бритни и нејзиниот адвокат, за привремено да ги надгледува нејзините финансии.

Следното рочиште за преиспитување на престанокот на неговото старателство е закажано за 12 ноември.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне