Икер Касиљас доживеа срцев удар на тренинг

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас денеска на тренинг доживеа срцев удар. Според шпанските медиуми, тој почувствувал силна болка и гушење по тренингот на Порто, па итно бил пренесен во болница. Лекарите утврдиле дека Касиљас имал срцев удар. Голманот е задржан на болничко лекување, но состојбата му е стабилна откако била извршена хируршка интервенција и сега е надвор од животна опасност.

Икер Касиљас од 2015 година брани за „Порто“. Тој пред само еден месец го продолжи договорот со клубот на уште една година. Претходно 16 години беше голман на „Реал Мадрид“. Со „Реал“ и со репрезентацијата на Шпанија тој неколку пати два бранеше и во Скопје.

Scroll to Top