Илон Маск ослабе 10 килограми откако на Твитер му пишуваа дека е дебел

Најбогатиот човек на светот и сопственик на технолошки компании, Илон Маск ослабе речиси 10 килограми за многу краток временски период, откако во јавноста протекоа фотографии од папараците на кои е без кошула на јахтa.

Маск на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали со својата трансформација, па реши да открие што се крие зад неговото успешно слабеење. Сопственикот на Тесла на својот официјален профил на Твитер напиша дека постел, по совет на добар пријател, за да се чувствува поздраво. Маск е полесен, за речиси 10 килограми.

Целиот процес на постење го следеl со помош на апликации.

Потсетуваме, Маск кон средината на јули пловел околу грчкиот остров Миконос во друштво на пријатели, а поради папарацо фотографиите корисниците на социјалните мрежи го навредуваа поради стомакот. Треба да се нагласи дека најбогатиот човек на светот е актуелен на своите социјални мрежи и често наоѓа време да им одговори на следбениците и покрај напорниот распоред.

Scroll to Top