Илон Маск стана најбогат човек во светот, има пари колку Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс икс“, Илон Маск, стана најбогатиот човек во светот и тој во моментот има пари колку што имаат заедно милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет.

Богатството на Маск сега изнесува 236 милијарди долари, според податоците на „Блумберг“. Гејтс е на четвртото место со 130 милијарди долари, а Бафет е на десеттото место со 103 милијарди долари. И Гејтс и Бафет претходно беа на врвот на листата најбогати луѓе во светот.

Маск во јануари првпат го престигна претседателот на „Амазон“, Џеф Безос, и стана најбогатиот човек.

Безос сега е на второто место, а неговото богатство изнесува 197 милијарди долари.

Маск оваа година додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство благодарение на големиот пораст на цената на акциите на „Тесла“, како и од неодамнешната продажба на акции во „Спејс икс“.

Scroll to Top