Ингер Нилсон не добила хонорар за улогата на Пипи долгиот чорап

By

Шведската глумица Ингер Нилсон имала само осум години кога го глумела ликот на Пипи Долгиот Чорап во истоимениот филм. Таа се прослави во оваа улога, но поради тогашните закони во Шведска никогаш не го добила заслужениот хонорар.

Нејзините фанови, кои пораснаа со оваа серија и кои премногу ја ценат Ингер сакаат да и се оддолжат и да соберат донации за неа и нејзините филмски пријатели Аника и Томи. Досега собрале 37.000 долари. На Ингер на почетокот не ѝ се допаднала оваа иницијатива и изјавила дека не сака да собираат пари за неа.

„Прво бев многу гневна. Не сакав да глумам жртва и да барам милостина. Но, потоа се смирив и сватив дека тоа е само знак на почит и жлеба од фановите кои сакаат да ни покажат колку не ценат“, изјавила Ингер.

Ингер прва се најде во улогата на прочуената девојка Пипи Долгиот Чорап во далечната 1969 и 970 година, кога легендарната серија и филм биле снимени по истоимената шведска книга за деца на Астрид Линдгрен. Нејзиното вистинско име е Катрин Ингер Монила Нилсон.

Глумицата е родена на 4 мај и целиот живот го поминала во Стокхлом каде работела како секретарка. Повремено прифаќала некаква улога, а во последните години глумела во форензичката серија Der Kommissar und das Meer.

 

 

Ќе ви се допадне