Принцот Филип денеска го слави својот 99 роденден. По тој повод е објавен портрет на кој принцот Филип позира со сопругата британската кралица Елизабета .
Тие позираат во градината на дворецот Виндзор, каде Елизабета Втора и Филип уште од март се изолирани поради пандемијата.
Наместо голема прослава, принцот Филип својот 99 роденден ќе го прослави во друштво на сопругата кралицата на интимна вечера во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми.
Инаку портретот кој денеска го објави Бакингемската палата е направен на 2 јуни.