Ирина Абрамович го запозна Роман на лет за Германија, му роди пет деца, а по разводот најде утеха во црквата

Британските медиуми не престануваат да пишуваат за Ирина Абрамович, поранешната сопруга на Роман Абрамович, кому му роди пет деца. Се пишува дека е во страв за своето огромно богатство што го добила по разводот, како и дека се крие во еден од луксузните имоти на семејството во Велика Британија. Точната големина на нејзиното богатство е непозната, но познато е дека има раскошно портфолио на недвижности, кое вклучува куќи во Лондон, западен Сасекс, Москва и во Сен Тропе.

Ирина се разведе од Роман во 2007 година по 16 години брак. Парот реши да се разведе во Русија, каде што спогодбите се чуваат во тајност. Според рускиот угледен деловен дневен весник „Ведомости“, таа добила 155 милиони фунти вклучувајќи поранешни брачни домови, јахта и авион, како и посебни додатоци за своите деца. Некои процени сугерираат дека нејзиното богатство се искачило на 500 милиони фунти поради мудрите инвестиции.

Нејзиното моминско презиме е Маландрина и порасна во сиромаштија. Татко ѝ и мајка ѝ се занимавале со угостителство. Но, кога Ирина имаше две години, татко ѝ починал, па мајка ѝ морала сама да ги издржува. Студирала визуелни уметности во Москва, а потоа со помош на својот братучед се вработила како стјуардеса во компанијата „Аерофлот“.

На еден лет за Германија случајно ја забележа Роман Абрамович, кој тогаш беше оженет со Олга Лисова, неговата прва сопруга. На Ирина ѝ ја даде визит-картичката, а набргу потоа се ожени со неа и стана негова втора сопруга и му роди пет деца.

Често ја добиваше титулата највлијателна русокоса во Британија, но ретко се појавуваше во јавноста. Таа наводно обожава коњи и има штала, а се шпекулира дека е добра пријателка со Елтон Џон.

Ирина е одличен познавач на уметноста и наводно има завидна колекција скапоцени и вредни слики. Наводно, по разводот, Ирина нашла утеха во Православната црква, иако сепак продолжи да води луксузен начин на живеење. Во ретко интервју за рускиот „Татлер“ во 2018 година таа зборуваше за својот живот далеку од Абрамович.

„Мислам дека мојот начин на живеење не е премногу приватен. Да, му недостига сјај на Бо Монд, но има доволно светлина во него. А таа светлина доаѓа од комуникацијата во моето семејство, средбите со пријателите, честите патувања во светот, средбите со луѓе со поинакво културно потекло. Можеби тешко ќе ме видите на јавни настани, но често можеме да се видиме во црква, на изложба, во музеј или на театар. Мојот дом е секогаш отворен за моите пријатели. Повеќе сакам забави дома отколку ресторани. Многу поскапоцено ми е кога можам да ги споделам настаните од мојот живот со луѓе што ми се духовно блиски, да бидам среќна покрај нив, да се жалам за нешто, да барам молитви од нив. Многу од нив се познати јавни личности, кои многу ги ценат пријателството и искрените врски. Тоа е заедничкиот именител“.

Scroll to Top