Ирина Шајк за Бредли Купер: Ми треба верен маж

Ирина Шајк и Бредли Купер станаа двојка во 2015 година, откако таа ја прекина долгогодишната љубовна врска со Кристијано Роналдо. Двајцата веднаш беа прогласени за едни од најубавите двојки во светот, а Ирина набрзо и прозборе јавно за врската, иако не сака да дели детаљи од интимниот живот со светската јавност.

Манекенката тогаш признала дека е пресреќна со Бредли и дека покрај Кристијано Роналдо постојано се чувствувала несигурно и мислела дека е грда.

„Мојот идеален маж е оној кој е верен. Мора да биде искрен и вистински господин кој знае да се однесува кон жените. Не верувам во оние мажи кои не прават несреќни зошто тие се момчиња, а не вистински мажи. Иако мислев дека го пронајдов својот идеален маж, испадна сосема поинаку. Кога жената покрај себе има погрешен маж, се чувствува грдо, а јас се чувствував грда и несигурна. Двајца луѓе во врска треба да делат исти вредности и животни погледи, и да веруваат во моногамија“ рекла на почетокот на врската со Бредли.

Двојката во изминатите четири години ретко се појавува заедно на настани, а се и една од двојките кои не објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм. Пред две години им се роди ќерката Леа, но родителите ја кријат од очите на јавноста.

Според информациите, Ирина бескрајно му верува на Бредли и ги игнорира гласините дека Лејди Гага ѝ го презела нејзиниот дечко.

Scroll to Top