Исчезна познатата актерка, се сомневаат дека се удавила, синот пронајден сам на бродот

Актерката Наја Ривера исчезна на езерото во јужна Калифорнија, а нејзиниот четиригодишен син е пронајден сам на бродот.

Полицијата верува дека 33-годишната sвезда од серијата „Гли“ се удавила, а потрагата по нејзиното тело е прекината во текот на ноќта, па продолжила денеска. Нејзиното синче Џоси Холис Дорси, наводно, им рекол на полицајците дека мајка му скокала во водата и дека повеќе не се вратила.

 

Полицијата, брзата помош и другите служби почнале потрага по американската актерка Наја Ривера (33) во средата вечерта кога нејзиниот четиригодишен син е пронајден сам на изнајмен брод на езерото Пира, Калифорнија, јавуваат странските медиуми.

Според информациите од канцеларијата на шерифот на округот Вентура, Ривера го изнајмила чамецот околу 13 часот. Екипажот на друг брод го пронашол нејзиниот син сам три часа подоцна.

Излетниците веднаш пријавиле можно исчезнување и почнала потрагата по актерката. По неа трагаат хеликоптери, дронови и нуркачки тимови.

Не се пронајдени повреди кај четиригодишното дете, а тој им рекол на истражителите дека тој и мајка му отишле на пливање, но дека таа никогаш не се вратила на бродот.

Scroll to Top