Италија со групата „Манескин“ победи на Евровизија

Италија со групата „Манескин“ со песната Ziti e buoni, победи на 65. Евровизија. Борбата за првото место беше меѓу Италија Франција и Швајцарија, но, на крајот одлучија гласовите од телевоутингот и публиката. На крајот Италија освои 524 поени.

Македонија 12 поени од жирито и ги даде на Србија, на групата „Ураган“, а српските претставнички од телевоутингот добија 82 поени. Македонија оваа година не успеа да се пласира во финалето. Васил Гарванлиев настапи во првото полуфинале со песната Here I Stand.

Тој рече дека не е разочаран, дека најдоброто допрва доаѓа и дека е горд на екипата што работела на проектот. Победникот на Евросонг во 2019 година Холанѓанецот Данкан Лоренс кој беше позитивен на Ковид-19, не пееше во живо вечерва на финалната вечер.

Беше емитуван неговиот настап од генералната проба од 13 мај.

За потсетување, Евровизија минатата година не се одржа поради пандемијата со коронавирус, додека во 2019 година, Македонија го имаше најдобриот пласман со Тамара Тодевска и песната „Горда“.

Scroll to Top