Џанлука Ваки (51), италијанскиот плејбој и милионер, е во врска со 16-годишната Гиневра Мавила. Во една од неговите објави на „Инстаграм“ тој сподели неколку зборови за ова девојче: „Таа ми е како ќерка. Тешко ми е да опишам колку ја сакам и колку ми значи. Можам само да кажам дека секогаш беше и ќе биде дел од мојот живот. Следете ја“, напиша Џанлука.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Џанлука ја знае Гиневра од нејзината петта година затоа што ѝ бил кум. Откако италијанскиот плејбој раскина со тогашната манекенка Џорџа, па наместо да објавува фотографии со своите девојки, тој почна да споделува фотографии со Гиневра, медиумите почнаа да пишуваат дека е во врска.