Италијанскиот милионер и диџеј Џанлука Ваки деновиве своето слободно време го минува преку „барата“ каде што е забележан како шета на песочните плажи во Мајами.
Италијанецот скокна до локалните плажи, се искапе, а кога излезе од Атланскиот Океан го покажа своето мускулесто и истетовирано тело.
Откако се прошета по плажата, Џанлука се упати кон лежалките, а набрзо потоа доби и друштво.
На Џанлука Ваки му се приклучи згодната Јулија Переира.
Јулија е позната бразилска манекенка која предизвикува воодушевување кај многу мажи.
Јулија веднаш се сместила до Џанлука. Очигледно, италијанскиот милионер е вистински магнет за жените.