Италијанците од Евросонг се соблекоа скроз голи, со раце на пенисите ja разубавеа насловната на „Венити фер“

Махмуд и Бланко, пејачите што ќе ја претставуваат Италија на Евросонг во Торино, се соблекоа голи за насловната на списанието „Венити фер“. На сликата тие ги кријат пенисите со рацете, а на рамото имаат гулаби.

Сликата од насловната ја објави Махмуд на Инстаграм и собра речиси 650.000 лајка за неколку часа. По ова следуваа коментари дека двајцата пејачи се соврешено градени, а имаше и такви кои напишаа дека треба вака разголени да се појават и на Евровизија за да победат.

Италија во моментов е еден од фаворитите за победа на Евросонг, иако се објавени сите песни од земјите учеснички. Махмуд и Бланко победија на Сан ремо со баладата Brividi. Махмуд веќе беше претставник на Италија на Евровизија во 2019 со песната Soldi.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mahmood (@mahmood)

Scroll to Top