Итан Хок со автобус пристигна на Филмскиот фестивал во Торонто. Според Пипл, тој морал да се снајде за да пристигне на премиерата на неговиот нов филм „Wildcat“ (Дива мачка).
– Веќе три лета беа откажани, па си реков: „Нема да го пропуштам ова поради аеродромов“. Затоа отидовме до станицата и фативме автобус, сподели тој.
Хок, кој тргна на патувањето со својата сопруга Рајан Шохјуз Хок – сопродуцентка во филмот, вели дека добро се забавувал по патот, читајќи книга одзади во патничкото возило. Тој притоа истакна дека никој не го препознал сѐ дури не стигнале на царина.
„Wildcat“ е биографска драма за писателката Фланери О’Конор и нејзината борба да го објави својот прв роман „Мудра крв“ во 1952 година. Ќерката на Итан од бракот со Ума Турман, Маја Хок ја толкува главната улога во филмот