Ивана рече дека таа е прва дама на САД – Меланија не остана должна

Сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп ѝ порача на неговата поранешна жена Ивана Трамп дека таа тоа брачно искуство не го користи за сопствена промоција.

Таа се осврна на интервјуто на Ивана Трамп за мрежата на Еј-би-си каде што ја промовира својата книга „Одгледување на Трамп“. Исто така, говореше и за својот заеднички живот со Доналд Трамп нарекувајќи се себеси прва дама, пренесува „Ројтерс“.

„Имам директен број од Белата куќа, но не сакам да го повикам затоа што Меланија е таму“, изјави Ивана, која беше сопруга на Трамп во периодот од 1977 до 1999 година.

Таа додаде дека не сака да предизвика љубомора или нешто слично.

„Затоа што во суштина јас сум првата сопруга на Трамп. Ок? Јас сум првата дама, ок?“, наведе Ивана.

На оваа нејзина изјава реагира и актуелната прва дама чија портпаролка издаде и соопштение до јавноста.

„ Госпоѓата Трамп ја направи Белата куќа дом за Берон (синот) и претседателот. Тој го сака животот во Вашингтон и почестена е со улогата да биде прва дама на САД. Таа сака да ја користи својата титула и улога за помош на децата, а не за да продава книги“, се вели во соопштението.

Како што се додава во соопштението, Ивана Трамп со својата изјава сака да привлече внимание поради сопствена промоција.

Видете како изгледаше интервјуто со Ивана Трамп.

Scroll to Top