Изабела е девојката што го откачила принцот Вилијам за да ѝ се посвети на кариерата

Аристократката Изабела Калторп е девојката и манекенка што го одбила принцот Вилијам за да ѝ се посвети на кариерата, пишуваат британските медиуми. Таа се забавувала со внукот на кралицата во моментите кога Вилијам и неговата сегашна сопруга Кејт Мидлтон биле разделени.

Британските медиуми пренесуваат дека Вилијам цело лето се обидувал да ја освои денес 40-годишната манекнека и глумица, но на крајот не успеал во тоа. Изабела пред десетина години била студентка и имала големи планови за својата кариера.

„Таа е име за себе и како таква сака да биде позната во јавноста“, изјавила експертот за кралското семејство, Кети Никол.

Набргу откога го откачила, Вилијам се смирил со денешната сопруга Кејт Мидлтон, а набргу и се венчаа. Но, според зборовите на Никол, Кејт Мидлтон денес е една од најомилените членови на кралското семејство.

На обожавателите на кралското семејство денес тешко им е да ја замислат кралската двојка без Кејт. Тие се во брак од 2011 година, а еден од условите за да продолжат понатаму бил Вилијам никогаш повеќе да не се гледа со Изабела.

Кејт и Вилијам денес се во среќен брак и имаат три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и најмладиот член, принцот Луис.

 

 

 

Scroll to Top