Ја напуштила работата за да биде со него, љубовната приказна на Рафаел Надал и Мариа Перељо

By

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во октомви ќe се ожени со својата девојка Мариа Франсиска Перељо, со која е во врска веќе 14 години.

Мариа е девојката од сенка која претавува најголема поддршка на тенисерот речиси повеќе од една деценија, а е интересна за светските медиуми токму поради тоа што не сака премногу да се експонира во јавноста.

Таа е скромна и природна девојка, која во јавноста воглавно се појавува без шминка, не е претерано облечена со светски скапи брендови, а секогаш е со насмевка на лицето.

Со Надал се запознал преку неговата сестра, која ѝ била другарка за време на школските денови. Марија студирала во Палма де Мајорка, по што се преселила во Лондон, каде паралелно студирала бизнис менаџмент и англиски јазик.

 

Таа ја оставила работата во една осигурителна компанија, за да може да го води проектот на фондацијата на својот партнер. Станува збор за добротворна организација основана пред речиси десет години.

 

Ќе ви се допадне