Ја оставил кога имала три години, Адел никогаш не му простила на татко ѝ

Во јавноста се откри приказната за Марк Еванс, таткото на светската пејчака Адел, кој ја оставил додека имала три години. Практично Марк не се појавил во целото нејзино детство, но успеале да задржат какви-такви односи.

Но, Адел целосно го отстранила од својот живот во 2011 година, откако Марк во медиумите проговорил за нивните односи. Марк тогаш сметал дека Адел нема среќа во љубовта, затоа што во детството и фалел татко и.

Тогаш пејачката преку медиумите му порачала дека нивниот однос завршил засекогаш и повеќе никогаш да не му се обраќа. Извори блиски до пејачката велат дека Марк сега е очаен поради ваквото однесувње на неговата ќерка.

„Марк знае дека погрешил, но ќе даде се од себе за ќерка му да му даде уште една шанса. Не го интересира нејзиното богатство, само сака да и даде уште една можност да се покаже како добар татко и дедо. Тој сака да може да ги прошета своите внуци, да им купи сладолед и да прави сè што еден просечен дедо го прави“, вели извор близок до семејството на Адел.

Марк кој ја оставил сопруга Пени, додека Адел била мала, сега работи како таксист и живее сам во трошна изнајмена куќа. Тој меѓу останатото говорел за медиумите и за својот алкохолизам, откривајќи дека умее да испие и до две литри вотка и десет конзерви пиво секој ден.

„Тоа траеше три години и се срамев од себе си. Знаев дека најдобро што можам да направам за Адел е просто да се тргнам од неа, да не ме гледа таков каков што сум“, изјавил Марк.

Адел сепак одбила да се смири со својот татко. Таа го игнорирала и кога во 2013 година заболел од рак на дебелото црево. Судејќи според настаните, блиски извори до семејството велат дека ваквиот нивен однос ќе продолжи и во иднина. Адел во 2012 година со сопругот Сајмон Конецки го доби синот Анџело.

 

 

 

Scroll to Top