Ја жртвував мојата кариера за тој да игра фудбал, Шакира првпат проговори за разделбата со Пике

By

Колумбиската пејачка Шакира првпат јавно проговори за разделбата со фудбалерот Жерар Пике. Таа за магазинот „Elle“ раскажа дека и е тешко да зборуваа во живо, бидејќи првпат зборува за разделбата јавно.

dobivaj vesti na viber

„Досега само молчев и само се обидував да ја испроцесирам целата ситуација. Тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа, и затоа што сум во очите на јавноста, и затоа што нашата разделба не е како нормална разделба, така што ова е тешко не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко“, изјавила пејачката.

Шакира зборува дека се обидела да ја скрие ситуацијата од нејзините деца Милан и Саша и дека се труди да го направи тоа и да ги заштити.

„Тоа е мојата мисија број еден во животот. Но, слушаат работи на училиште од своите врсници или наидуваат на непријатни вести на интернет, и тоа навистина влијае на нив“, додала таа.

Шакира не сакала да го коментира наводното изневерување и новата романса на нејзиниот поранешен партнер.

„Мислам дека тие детали се премногу приватни за споделување, барем во овој момент… сето тоа е толку ново. Можам само да кажам дека вложив се што имав во таа врска и моето семејство“, рекла Шакира.

Таа исто така истакнала дека имала номадски живот пред нивните деца да тргнат на училиште, а потоа се преселиле во Барселона за кариерата на Пике, наместо да се преселат во САД поради нејзината.

„И така, еден од нас мораше да го направи тој напор и жртва. Јас го направив токму тоа – ја ставив својата кариера во втор план и дојдов во Шпанија за да го поддржам за да може да игра фудбал и да освојува титули. Тоа беше жртва на љубовта. Благодарение на ова, моите деца добија ваква мајка, а јас со нив имам неверојатна врска која е нераскинлива и не одржува. Тоа е тоа. Тоа е се што можам да кажам“,изјавила Шакира.

Шакира и Пике неодамна објавија дека се разделуваат по 12-годишна врска. Тие ги имаат и синовите Милан и Саша, над кои пејачката го доби старателството.

 

 

Ќе ви се допадне