Кожна јакна на Мајкл Џексон е продадена на аукција во Њујорк, за цена од 300.000 долари. Облеката на починатата поп-ѕвезда, се најде на продажба, а цената на крајот достигна и трипати повеќе од прво-понудената.
Црната јакна која Џексон на грбот ја потпишал со сребрен маркер, пејачот ја носел за време на двегодишната турнеја „Bad“, од 1987 година.
Инаку на аукцијата која е одржана пред седум години, продадена била познатата црвено-црна јакна на Џексон, која ја носел во спотот „Thriller“. Јакната беше продадена по цена од 1,8 милиони долари.
На аукцијата, меѓу останатото се продадени и предмети од други големи уметници како што се Принц, Џон Ленон, Мадона, како и работи на неодамна починатата кралица на соулот Арета Френклин.
Во збирката на продажба се најде и црвениот фустан на Арета, која го носела на концертот на Радио мјузк сити хол во 1993 година.