Јас сум геј и се надевам дека ќе ме почитувате, напиша Касиљас на „Твитер“

Легендарниот шпански голман и играч на Реал Мадрид, Икер Касиљас ги изненади сите со пораката која ја напиша на „Твитер“ дека е хомосексуалец.

„Се надевам дека ќе ме почитувате, јас сум геј“, беше кратката порака на Касиљас за која доби и поддршка од фановите. Неговиот соиграч во репрезентацијата и играч на Барселона, Карлес Пујол само му одговори дека е време да ја раскажат и тие нивната приказна.

Некои од медиумите во Шпанија, меѓу кои и „Мундо Депортиво“, се сомневаат во автентичноста на твитот и сметаат дека најверојатно неговиот профил е хакиран. Низ кариерата беше со неколку жени. Во моментов се забавува со бивша фудбалерка на Барса, Марија Хозе Камчо, а претходно се разведе од Сара Карбонеро.

Со Сара има и две деца, па оттука голем број медиуми сметаат дека Касиљас на овој начин само сака да го сврти вниманието од големиот број лажни постови и поврзаноста со жените од јавниот живот.

За потсетување, како дете пристигна во Реал Мадрид и во клубот остана 25 години. Дебито го имаше во 1999 година на 18 години. За клубот настапи 725 пати и е на втората позиција по легендарниот Раул.

Како прв голман на Шпанија ја освои светската титула и две европски шампионски титули. Со Реал освои 19 трофеи од кои три трофеи од Лига на шампиони, а кариерата ја заврши во Порто.

Scroll to Top