Јоко Оно подготвува албум на 85 години

Вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно, објави дека ќе издаде нов албум оти нејзините вечни мировни пораки му се потребни на светот во 2018 година. Албумот на 85-годишната Оно, „Воена зона“, ќе излезе на 19 октомври, а ќе содржи нови верзии на песните што таа ги напишала во последните педесетина години, вклучувајќи ја и Imagine. Албумот ќе има 13 песни, а го продуцира нејзиниот син Шон Оно Ленон. Во прв план во песните е гласот на Оно во раскажувачки стил.

„Светот е во хаос. Ситуацијата е тешка за сите. Но, не е доцна да се промени светот. Јоко ни треба сега повеќе од кога било“, изјави нејзиниот портпарол.

Јоко вели дека „Воена зона“ не е нејзиниот проштален албум, бидејќи веќе работи на уште еден.

Scroll to Top