Јусеин Болт стана татко

Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, стана татко. Неговата долгогодишна партнерка, Каси Бенет, роди девојче.

Осумкратниот олимписки шампион засега не го открива името на бебето, а веста за раѓањето на девојчето, ја соопшти премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

Честитки за нашата спринтерска легенда Јусеин Болт и Каси Бенет за раѓањето на нивното девојче“, напиша Холнес на Твитер.

Триесет и тригодишниот Болт и Бенет се во врска од 2014, но јавно го признаа тоа две години подоцна.

Scroll to Top