„Јутјуб“ го тргна пејачот Кели, по пресудата за сексуална злоупотреба

By

Пејачот Роберт Силвестер Кели, познат и како Р’н’Б Кели (54), е отстранет од социјалните канали и мрежи како „Јутјуб“ и „Инстаграм“, откако беше прогласен за виновен за серија сексуални напади. Пресудата беше донесена минатиот месец, во која тој беше осуден за сексуална трговија и злоупотреба. Неговата казна требаше да му се изрече уште на 4 мај.

Од „Јтујуб“ му ги отстранија двата негови канала RKellyTV i RKellyVEVO уште една недела по изрекувањето на пресудата, пренесува „Ројтерс“. Пејачот повеќе нема да може да отвори нов канал на оваа платформа, а неговиот профил беше отстранет и од „Инстаграм“.

„Потврдуваме дека во рамки на нашите насоки за одговорноста на креаторите, ги отстранивме двата канала поврзани со Р. Кели“, изјавил портпаролот на „Јутјуб“.

Музичарот би можел да помине во затвор неколку децении, а со слични обвинувања се соочувал речиси 20 години. Ова сега е првпат да е прогласен за виновен. Кели и понатаму ги негира сите обвинувања.

За време на судењето кое траеше повеќе од пет недели, девет жени и двајца мажи го обвинија за сексуално понижување и насилство. Многу од жртвите во моментот на злоупотреба биле малолетни, а неколку изјавиле дека Кели им се заканувал ако не ги исполнувале неговите желби.

Сепак неговата музика ќе биде достапна на „Јутјуб стриминг“ платформата и на „Јутјуб мјузик“, а достапни ќе бидат и неговите видеа кои тој ги нема објавено. Кампањата MuteRKelly, која беше покрената против него, бара да бидат отстранети сите негови песни од сите стриминг платформи.

„Чекаме и на вас „Јутјуб мјузик“, „Спотифај“, „Апл Мјузик“, „Амазон мјузик“ и сите други“, напишаа тие на „Твитер“.

 

Ќе ви се допадне