Кајли Џенер не ја интересира коронавирусот, се забавува со пријателите

Реалната ѕвезда Кајли Џенер се забавуваше со нејзините пријатели на роденденска забава, не грижејќи се за опасноста дека може да се зарази со опасниот коронавирус.
Никој на забавата не водел грижа за препораките и социјалното растојание од два метри, пренесува „Дејли Стар“.
Кајли ги објавила фотографиите од забавата на социјалните мрежи, по што наиде на голема осуда од страна на нејзините пријатели.
„Што е со социјалното дистанцирање? Се чини дека на оваа фотографија има повеќе од шест луѓе, а нема ни разлика од два метри“, и напишале во коментарите. Џенер во последно време се наоѓа на мета на критики кај фановите.
Некои од нив прво ја обвинија дека ги уредува фотограиите во „фотошоп“, а потоа и за приказната дека лажела за своите фирми, само за да се најде на листата на најмлада милијардерка на светот.
За потсетување, откако дала лажни податоци за своето богатство, Кајли остана без титулата најмлада милијардерка на светот, пренесува „Дејли Мејл“.
Во најновиот извештај на „Форбс“, таа е обвинет дека лажена за стекнатото богатство и ги фалсификувала даночните пријави за да ја зголеми својата нето вредност.

Во извештајот на „Форбс“, стои дека Кајли Џенер, иако заработила околу 340 милиони долари и по уплатата на данокот од продажбата, не е милијардерка.

Scroll to Top